Георгиевски се врати дома: Овој успех не е само за мене, туку за цела Македонија

Од:

Олимпиецот Дејан Георгиевски попладнево слета на скопскиот Аеродром каде беше дочекан од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и стотици навивачи, членови на неговото семејство, претставници на неговиот клуб „Бутел“.

„Благодарност до сите за поддршката. Чувството е одлично. Премногу сум уморен. Покана вечер да дојдете да го прославиме овој успех кој не е само за мене, туку за цела Македонија“, рече олимпискиот медалист.

Тренерот Дарко Костовски е задоволен од постигнатиот резултат и најави нови успеси.

– Ни следува Светско првенство во Кина. Се надеваме дека ќе му се реваншираме на Русинот во многу скоро време, истакна Дарко Костовски.

Неговиот брат Борче, кој го водеше Георгиевски на борбите рече: „Радувај се Македонијо, испишавме историја“.

Главната прослава за освоениот сребрен медал на Олимпијадата во Токио е закажана за вечер од 19:30 часот на скопскиот плоштад.

Би можело да ве интересира

Наградата за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски зголемена на 42 илјади евра

Катерина Павлова-Николовска

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска