Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик

Од:

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик, со кои се бараат потписи од два отсто од избирачите во одредена општина, за независни кандидати да можат да бидат учесници на локалните избори.

Пендаровски смета дека не е логично претседател и советници во Град Скопје да се кандидираат со ист број на потписи на избори. Отстапка би направил, само ако за ова прашање има широк консензус, кој засега го нема. Дополнителна причина за непотпишување е тоа што измените се носат непосредно пред распишување на избори, вели претседателот.

„Не може два дена пред распишување на избори да се носат измените. Нема логика, бидејќи за кандидирање на претседател на државата се потребни 10.000 потписи, а толку да треба и за кандидирање советници во Град Скопје“, рече Пендаровски на брифинг со новинарите.

Претседателот потсети и дека препорака на ОБСЕ е да се воведе праг за кандидирање за независни листи, но тој да биде до еден процент. Тој смета дека не би имал аргумент да не го потпише указот, само ако има општа согласност за измените.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори