Град Скопје ќе му додели 5.000 евра на олимпискиот медалист Георгиевски

Од:

На иницијатива на градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот, информираат од Град Скопје.

Георгиевски предмалку слета на аеродромот во Скопје каде што беше пречекан од голем број граѓани, а свечениот пречек ќе се одржи во 19:30 часот на плоштадот Македонија.

Дејан Георгиевски по историскиот настап на Олимписките игри, каде што го освои сребрениот медал, стана најуспешниот македонски спортист на Олимписките игри, а ова е прв медал за нашава држава по пауза од 21 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата