Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје и околината сончево и многу топло со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 40 степени.
Во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. На места долж Повардарието температурата ќе го надминува 40-тиот степен. В понеделник ќе дува засилен ветер од западен, а попладне од северен правец кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите во северните делови, додека во јужните ќе се задржат високите температурите.