Тетовец измамил пензионер од Охрид, по телефон го лажел дека е лекарот што го лечел

Од:

Охридската полиција поднесе пријава против измамник од Тетово, кој лажел охридски пензионер дека е лекарот кој го лекувал, успевајќи да му изнуди 40.000 денари.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(45) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Тој, со намера да прибави противправна имотна корист, на 27.06.2021 довел во заблуда повозрасен жител на Охрид, на кого, во телефонски разговор, лажно претставувајќи се дека е лекар што го лекувал, му кажал дека треба да му помогне на неговиот внук и притоа, побарал и добил 40.000 денари“, соопштија од полицијата.

Би можело да ве интересира

38-годишен охриѓанец измами граѓани од Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР