Хјуман рајтс воч: Израелските злосторства очевидни во војната во Газа

Од:

Организацијата за човекови права Хјуман рајтс воч ја обвини денеска израелската армија за извршување напади кои „очевидно претставуваат воени злосторства“ за време на 11-дневната војна во мај против припадниците на движењето Хамас.

Меѓународната организација со седиште во Њујорк дојде до таков заклучок истражувајќи три израелски воздушни напади во кои загинаа 62 цивила, нагласувајќи дека „во близина нема очевидни воени цели“. Извештајот исто така ги обвинува палестинските екстремисти за воени злосторства поради истрелување на повеќе од 4.000 ракети и минофрлачки гранати кон израелските населби, а ваквите инциденти „ја нарушуваат забраната за намерни и случајни напади врз цивили“.

Во фокус на извештајот се израелските акции за време на судирите, а ХРВ најави дека следниот месец ќе ги објави одвоено резултатите од истрагата за нападот на исламистички Хамас во Газа и други палестински организации.

– Израелските сили извршија напади во мај во Газа кои уништија цели семејства, истакна директорот на ХРВ, Гери Симпсон, одговорен за кризи и конфликти.

Според него, „фактот дека Израел не е подготвен за сериозна истрага за наводни злосторства и палестинските ракетни напади врз цивилни области, ја нагласува важноста на истрагата што ја започнаа двете страни во Меѓународниот кривичен суд (МКС)“.

Би можело да ве интересира

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски