ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Од:

Полициските „Алфи“ кои го апсеа Љубе Бошкоски со легнување на земја, пиштол на образ, пцуење и заканувачки пораки, ослободителната пресуда која ја донесе судијката Александра Ристеска ја дочекаа со гушкање, насмевки и поздрави. Откако си честитаа меѓу себе, тие се изгушкаа и со првообвинетиот во предметот „Тортура“, Сашо Мијалков. Задоволни беа од одлуката на судот, откако судијката Ристеска кажа не видела конкретни докази како Мијалков го поттикнал сурово постапување кон Бошкоски и како полицајците го извршиле тоа дело.

Додека обвинетиот Сашо Мијалков си честиташе со „Алфите“ со кои се обвинети во исти случај, во делот за јавност, честитки добиваше и неговиот постар син Јордан. Задоволен од пресудата, Јордан Мијалков си честиташе со неколку лица, меѓу кои и Иво Котески кој во 2011 година, кога Бошкоски беше апсен, ја извршуваше портпаролската функција во МВР.

Судијката Александра Ристеска ги ослободи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, второобвинетиот кој поранешен прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Анчевски – Пуки, полициските службеници Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски, Метуш Шабани во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски.

„Судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетите. Судот обвинетите ги ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Александра Ристеска.

Судијката рече дека таа заедно со останатиот судечки совет, не видела докази со кои се докажуваат делата за кои се гонеле обвинетите.

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Судијката Ристеска ги ослободи Мијалков и „алфите“ за апсењето на Бошкоски

Кристијан Ландов