ВИДЕО: Судијката Ристеска ги ослободи Мијалков и „алфите“ за апсењето на Бошкоски

Од:

Судијката Александра Ристеска ги ослободи ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков,второобвинетиот кој поранешен прв човек на единицата „Алфа”, Ивица Анчевски – Пуки, полициските службеници Новица Станковски, Филип Атанасов, Петар Милошевски, Јован Боцевски, Метуш Шабани во случајот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски.

„Судот ќе одлучи на начин поповолен за обвинетите. Судот обвинетите ги ослободува од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Александра Ристеска.

Судијката рече дека таа заедно со останатиот судечки совет, не видела докази со кои се докажуваат делата за кои се гонеле обвинетите.

„Судот ги ценеше сите изведени вербални и материјални докази. Од сите нив, судот не може со сигурност да утврди каузалната поврзаност со поттикнувачките дејствија на Мијалков кон останатите обвинети лица. Судот може да закличи дека тоа е лична интерпретација на Милајков, која интерпретација е експо-фактот по завршување на настанот. Потткнувањето од Мијалков за судот остана само на ниво на претпоставка, која била основа за градење на теоријата за јавниот обвинител. Судот нема законски обвласутвања да излага надвор од диспозитивот на обвинението. За останатите обвинети, согласно исказите на останатите сведоци, неспорно се гледа дека секој од нив презема различни дејствија, кои од јавниот обвинител не беа прецизирани како извршителски дејствија, не беше прецизиран ниту каузалниот придонес на секој од нив. Не беше понуден доказ дека обвинетите имаат употреба на прекумерна сила на постапување“, рече судијката.

Судијката Ристеска кај Бошкоски гледала само општа состојба на душевно страдање, но не можела да заклучи дали истата е последица на апсењето.

„Од вештачењето има само една општа состојба на душевно страдање, изразена во акутна реакција. Љубе Бошковски во присуство на своите бранители, кога е приведен, немал никакви забелешки во однос на постапувањето за сега веќе обвинетите лица“, додаде судијката Ристеска.

Апсењето на Бошкоски

Таа потенцираше дека јавниот обвинител Љубомир Лапе, требало да ги докаже делата за кои ги гонел Мијалков и останатите лица.

„Во предметот се јавија и две клучни прашања: Првото прашање се однесува на одговорноста на Сашо Мијалков како поттикнувач, а второто на дејствијата на извршување на останатите обвинети лица. Јавниот обвинител остана доследен на претходното обвинение и не го прецизираше за тоа кои дејствија и каков битен придонес имале поединечно сите обвинети. Тоа значи дека судот е исправен пред истите дилеми како претходно, кога ја преотвори расправата. Во конкретниот предмет, јавниот обвинител му става на товар на Мијалков дека ги поттикнал останатите обвинети. Односот меѓу нив е материјална правна тематика, а е прашање кое налага докажување на поттикнувачките дејствија така и на докажување на прифаќањето на тоа поттикнување. Во конкретниот случај, Мијалков се товари дека ги навел останатите обвинети да го сторат кривичното дело. Јавниот обвинител не прави градација на односот меѓу поттикнувачот кон поттикнатите. Не се определил за кривичното дело поттикнување на поттикнување. Ваквата системска поставеност на обвинението, донесува заклучок дека Сашо Мијалков еднакво ги поттикнал сите обвинети. Јавниот обвинител требаше да ги докаже фактите за кои ги гони обвинетите лица“, рече Ристеска.

Таа цитираше и дел од обвинението, каде стои дека Бошкоски бил навредуван со погрдни зборови, добивал и закани. Потоа, судијката кажа и дека Мијалков се јавувал за почесто да се емитуваат снимките од апсењето по медиуми. Таа не го спореше воој дел од обвинението.

„Обвинетиот Ивица Анчевски издал наредба, ‘Легни го доле, легни го доле, доле да се апси’, по што обвинетите полициски службеници, со употреба на прекумерна сила го легнале доле, го малтретирале, навредувале и му викале: ‘Да ти ебам жената, шефот ми рече, ќе лежиш 8 години’ и други погрдни зборови, а Новица Станковски му го ставил пиштолот на образот. Оштетениот бил дискредитиран, а биле издадени и наредби за често емитување на снимките во ударни термини во медиумите“, рече судијката.

Пресуда за овој предмет требаше да биде донесена на средината од месец јуни. Но, судечкиот совет одлучи да ја преотвори постапката. Тие, тогаш кажаа дека обвинението е конципирано така што на сите обвинети дава еднаква правна квалификација и ги товари дека презеле исти дејствија на извршување, па за нив е нејасно кој од обвинетите кое дејствие и со колкав интензитет и обем го преземал, како и кое дејствие какви последици предизвикало. За судиите, имаше фактичка пречка за донесување на пресуда.

 

Обвинителството ги гони обвинетите за мачење и сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, а обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Би можело да ве интересира

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие

ВИДЕО: Со ослободувањето на Мијалков и „алфите“, судијката Александра Ристеска ја демонтира третата „бомба“ на Заев

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: „Алфите“ кои го апсеа Бошкоски со пиштол на образ си честитаа слобода со Мијалков

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Лапе: Ваквата пресуда испраќа порака дека начинот на кој е уапсен Бошкоски е дозволен и законски

Кристијан Ландов