ВИДЕО: Олимписките игри во Токио – одговор на човештвото на пандемијата

Од:

Со едногодишно одложување, по 12 турбулентни месеци и неизвесност како и дали воопшто ќе се одржат, Летните олимписки игри во Токио официјално ќе бидат отворени денеска. Со церемонијата на отворањето формално ќе биде означен почетокот на Игрите. Во дел од спортовите, натпреварувачки тие веќе се почнати.

Со исклучително строги протоколи кои особено се однесуваат на спортистите, но и на сите кои доаѓаат во контакт со нив, Игрите во Токио ќе се обидат да и пркосат на пандемијата на коронавирусот и да бидат одговор на човештвото на сите проблеми што ги предизвика Ковид-19.

Летните олимписки игри во Токио и пред пандемијата требаше да бидат најскапите досега. Со ударот на коронавирусот и со се она што мора да биде преземено за заштита, овие Игри дефинитивно се далеку над планираниот буџет за прецизните Јапонци кои се соочија со голем удар во организацијата која детално ја подгтвуваа уште од моментот кога го добија домаќинството.

Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет. Најавено е и присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации.

Од репрезентациите Грција ќе влезе прва во арената, а Јапонија последна.

Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:

Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми

Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми

Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри

Филип Деркоски – пливање, 400 метри

Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри

Јованоска Пулексенија – карате, кати

Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри

Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.

Последнитеи нфромации од македонската делегација велат дека Арбреша Реџепи сепак ќе биде дел од отворањето и заедно со Деај Георгиевски ќе го носи македонското знаме. Таа беше во контакт со лице позитивно на Ковид-19 и по 24-часовна излоација и пет негативни теста, сепак ќе биде дел од свечената церемонија.

На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500.

Оптимозмот дека овие Игри ќе поминат без сериозни проблеми е навистина мал со оглед на ситуацијата со коронавирусот во Токио. Северна Кореја и Гвинеја, веќе донесоа одлука да се повлечат од Игрите, а повеќе врвни спортски работници, како и луѓе од организацијата се скептични дека во услови на пандемија, најголемиот спортски светски настан може да помине без проблеми.

Од Меѓународниот олимписки комитет се децидни дека Олимписките игри ќе се одржат според зацртаниот натпреварувачки календар и дека со мерките на претпазливост, спортистите ќе бидат безбедни.

Би можело да ве интересира

Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Свечено затворени Олимписките игри во Токио

Дресел најуспешен спортист, Мекион најуспешна спортистка на ОИ во Токио

Парадата на спортисти започна на свеченото затворање на Олимпијадата во Токио

А1он

Македонскиот борач Нуров остана без олимписки медал

Николов и Начевски ќе го судат ракометното финале на Олимписките игри

Катерина Ѓуровски