Млад скопски крадец обил 15 такси возила во осум часа, направил трипати повеќе штета одoшто имал ќар

Од:

ЕВР Кисела Вода поднесе кривична пријава против Р.М.(21) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени 15 кривични дела, од кои 11 „тешка кражба“ во возила и четири дела „тешка кражба во обид“ во возила.

„Тој, во периодот од 22.00 часот на 14 март до 06.00 часот 15 март оваа година, за осум часа, извршил 11 кривични дела „тешка кражба“ од такси возила и четири кривични дела „тешка кражба во обид“ од такси возила, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 22.800 денари и причинил материјална штета од околу 76.500 денари“, велат од полицијата.

Според МВР, откако биле преземени мерки и за него била распишана потерница, тој бил уапсен на граничниот премин Табановце на 8 мај, по што бил спроведен во полициска станица, каде ги признал делата и го појаснил начинот на извршување.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“