Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ кои преку група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.
Ова денеска во Кривичниот суд во воведните зборови го истакна обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба“ во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години. Првиот како основач и администратор на групата, а второобвинетиот како администратор и модератор на групата кои, според обвинителот, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните, визуелните и аудуовизулените содржини прикачувани од членовите на групата.
-Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.
Додаде дека ќе докаже дека апликацијата која ја имале двајцата обвинети во своите содржини давале напатствија како и под кои услови може да се користи но и рестрикциите кои апликацијата ги наведува.
-Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале као администор и креаторт на апликацијата на која формирале група „Јавна соба“ и ќе докаже дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија на деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето, потенцира обвинителот.
Адвокатите на одбраната пред почетокот на рочиштето побараа одлагање на денешното судење со образложение дека целокупниот доказен материјал не им бил доставен, кој, спооред нив, е во прилог на обвинителниот акт. За прв пат им бил дозволен увид пред два дена, а физички ги добиле вчера и тоа само дел од истите.
Претседателката на судечкиот совет Билјана Коцевска одлучи да се дадат воведни зборови на Обвинителството, а поради причините на одбраната, нивните воведните говори ќе ги дадат на следното рочиште на 27 август.
Бранителите на крајот на денешното судење побараа укинување на притворот за обвинетите, со домашен или јавување во судот, од повеќе фамилијарни и здравствени причини кои ги наведоа, што судот го одби нивното барање.
Во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.