Белгискиот крал Алберт Втори соопшти денеска дека ќе абдицира од престолот во полза на својот син Филип на 21 јули.
Во телевизиско обраќање 79-годишниот крал ја аргументираше одлуката со поодминатата возраст и здравствени проблеми. Албер Втори е речиси 20 години на тронот.
Неговиот син Филип (53) е прв во наследниот ред на белгиската круна.