И во Кичево, како и во 16 други градови низ Македонија, денеска почнаа да се собираат потписи за петицијата против екстерното тестирање на учениците и само во првиот дел на денот се потпишаа над 200 лица.
Ова е иницијатива на Младинскиот образовен форум и доаѓа како последица на многуте технички проблеми во текот на тестирањето, по штобеше побарано оваа година тоа да се прогласи како пилот-проект.
Петицијата ќе трае за десет дена во две смени, и тоа од 10 до 13 часот и попладне од 18 до 21 часот.
Fatlume Dervishi