Утре ќе бидат затворени улици во центарот на Скопје поради протест против образовните реформи

Од:

Министерството за внатрешни работи најави дека утре ќе има посебен сообраќаен режим во сообраќајот во центарот на Скопје поради протестен марш во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“.

-Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата, а потоа ќе продолжи до Собранието на Република Северна Македонија. Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопшти МВР.

Оттаму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски