Олујно невреме со силен дожд попладнево го погоди регионот на Осиек во Хрватска. Почна да паѓа и ситен мраз. Силниот дожд поплави некои патишта и паркинзи, а силниот ветер однесе кров на трикатен објект, кој при падот го прекинал напојувањето на трамвајот.
Под еден автомобил се отворила дупка, па пожарникарите морале да го извлекуваат возилото додека траеше невремето.
Кризниот центар попладнето примил стотици повици. Граѓаните се жалат дека им се поплавени подрумите, објави Цивилната заштита.