Денеска почнува јубилејното 20-то издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS и ќе трае до 21 јули.
Програма за вечерното отворање на фестивалот опфаќапроекција на филомот „Анет“ во режија на Лео Каракс во 21:00 часот во Градски парк и настап на групата „Бела Техника“ во МКЦ Парк во 23:30 часот.
Дејствието на „Анет“ е сместено во Лос Анџелес, денес. Главните ликови се Хенри, стендап-комичар со жесток хумор и Ен, светски реномирана позната оперска певица. Заедно, во центарот на вниманието, се среќен и гламурозен пар. Но, раѓањето на нивното прво дете, Анет, мистериозно девојче со необична судбина, сосема ќе им ги промени животите…
Групата „Бела техника“ е основана во 2016 година од двајца членови на култниот белградски бенд „Дарквуд Даб“: гитаристот Бојан Дробац – Бамби и басистот Милорад Ристиќ – Мики. На двајцата им се приклучува и оперската пејачка Катарина Јовановиќ.