Бочварски: Прво позитивни оценки од студиите за исплатливост и за влијание врз животната средина, а потоа проектирање на патот од Тетово до Призрен

Од:

Во моментов ги правиме сите претфази и кога ќе имаме поточни и прецизни параметри во однос на изградба на патот од Тетово до Призрен за тоа колку би чинел, дали би бил исплатлив и од каде би се нашло финансирање, ќе продолжиме со сите останати постапки, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-За нас како Влада клучно е позитивни оценки да покажат студиите за исплатливост и за влијание врз животната средина за потоа да почнеме со изработка на основен проект за поврзување на Тетово и Призрен. Но, се додека не добиеме позитивни оценки од студиите и претфазите на проектирањето нема да ја почнеме изработката на основниот проект. Идејни решенија има. Разговаравме и со министерот за транспорт и врски од Косово на ова прашање кое што е важно за двата региони за поврзување на граѓаните, рече Бочварски во одговор на новинарско прашање при денешниот увид во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово што се спроведува во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта“.

Прецизира дека со цел да се растовари сообраќајот на влезот во градот преку Јавното претпријатие за државни патишта веќе се проектира обиколницата околу Тетово и се работи на патниот правец Тетово – Јажинце кон моменталниот граничен премин со што, како што рече, ќе се даде целокупен придонес во подобрување на инфраструктурата околу Тетово.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска