Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти „Холидеј ин“

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски не чувствува одговорност за парцелата спроти хотелот „Холидеј ин“ каде што е предвидена изградба на висококатници, затоа што, како што вели, била формирана стручна комисија и Министерството нема надлежност да менува планови на која било општина.

Одговарајќи на новинарски прашања пред денешната стручна дебата за новиот закон за градење, Бочварски рече дека Министерството не може да блокира или стопира урбанистички планови, туку дека тоа е исклучиво надлежност на локалните самоуправи.

Секоја општина, вели, има легитимно право да донесе урбанистички план, да го промени или да побара суспензија.

– Министерството за транспорт и врски не носи детални урбанистички планови во Центар, ниту суспендира детални урбанистички планови во која било општина. Тоа исклучиво го прави општината со Советот на општината. Не случајно кажавме дека Општина Центар има можност сама доколку смета да си донесе одлука каква што треба да донесе. Исто така, не мора која било општина да тргне во насока на супензија на одредени планови за да блокира нешто, туку може во кој било момент да започне постапка за преработка, доработка или нов урбнанистички план на таа локација, рече Бочварски, додавајќи дека ова и било предочено на Општина Центар.

Вели дека треба точно да се лоцираат штетите по јавниот интерес, а во однос на тоа дали градоначалникот на Центар ја замајувал јавноста, Бочварски со став дека градоначалникот има свои ингеренции и со тоа можел да делува во целиот изминат период со Советот на општината.

– Тие носеа серија на одлуки, вклучувајќи ја и онаа за мораторумот на плановите во Општина Центар, така што тие се бореа во однос на ова прашање, но по одлуката на Уставниот суд за стопирање на ваквата постапка за мораторумите, беше јасно дека сите урбанистички планови се во сила. Така што, апсолутно не би сакал да навлегувам во постапките на Општина Центар. Тоа се нивни одлуки, одлуки кои треба да се дискутираат во Советот на Општина Центар за тоа што е најдобро за граѓаните на Центар, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Град Скопје по реакцијата на Министерство за транспорт: Бочварски да одговори зошто потпишал без наша согласност

Онколошките пациенти од Истокот нема да плаќаат 320 денари за патарини, најави Бочварски

A1on

Бочварски: Кичево-Охрид ќе се заврши, но од извештајот на ревизијата зависи дали тоа ќе биде „Синоходро“

A1on

До крај на октомври ќе се вози на десната лента на автопатот Катланово-Петровец

A1on