ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за четири пати

Од:

СДСМ ја зголеми парцелата за облакодери кај Холидеј Ин за четири пати, од 4.000 м2 да стане 13.000 м2.Првичниот плац за облакодерите беше 4.000 м2, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13.000 метри квадратни велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Тоа се двојните аршини на СДСМ за Центар, пред народ зборуваат за паркови, а во позадина окрупнуваат парцели за бетонизација. Од 4.000 м2 површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ допродаде уште 9.000 м2 државно земјиште за да може бетонизацијата да го проголта овој дел од Центар. Богдановиќ, Шилегов и Заев не ја спречуваат бетонизацијата, тие само си ја префрлаат топката. И тројцата работат на штета на Скопје, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Орбановите автобуси победија на тендерот во Скопје

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност