Демократите од Тексас ја напуштија државата за да спречат изборни реформи

Од:

Демократските законодавци од Тексас синоќа заминаа во Вашингтон за да спречат кворум за усвојување на новиот изборен законик поднесен од републиканците чија одлика sе рестрикциите за малцинските групи.

Демократите изјавија дека се подготвени да останат во престолнината на САД неколку недели, за време на вториот бунт против реформите на изборниот законик промовирани од Републиканската партија. Според нив, предлог законот ги нарушува правата за гласање, посебно на малцинските групи како Афроамериканците.

Неколку приватни авиони во кои беа 50 законодавци демократи синоќа одлетаа од аеродромот во Остин и долатаа на аеродоромот Далас во Вашингтон.

Тие го напуштија Остин неколку денови пред закажаната специјална седница на која ќе се разгледуваат новите ограничувања за гласање на избори, свикана од гувернерот Крег Ебот.

Веднаш по полетувањето на демократите, Ебот во изјава го осуди нивното заминување и се заложи за нивно задржување.

– Во моментот кога ќе се вратат во Тексас тие ќе бидат уапсени, тие ќе бидат затворени во Капитолот на Тексас се додека не си ја завршат работата, изјави губернерот.

Би можело да ве интересира

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина

Американскиот секретар за одбрана: За 1.000 дена војна Путин не постигна ниту една стратешка цел