Моет Хенеси и Кампари основаат нова заедничка компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци

Од:

Францускиот производител на вино и жестоки пијалаци Моет Хенеси (Moët Hennessy) соопшти дека ќе основа заедничка компанија со италијанскиот „Кампари“ за да прерасне во водечка европска компанија за е-трговија со вина и алкохолни пијалаци.

Моет Хенеси, член на гигантот за луксузни производи LVMH и „Кампари“ ќе имаат еднакви удели во новата компанија, основана со цел инвестирање во компании за продажба преку интернет, и ќе ја вклучува интернет платформата „Танико“.

Трансакцијата ќе се изврши со тоа што Кампари ќе продаде 50 отсто од акциите на новата компанија на Моет Хенеси за 25,6 милиони евра и треба да се склучи откако компаниите ќе ги добијат потребните регулаторни дозволи.

Италијанската компанија ќе го пренесе својот удел во Танико на заедничката компанија, кој се фокусира на онлајн продажба на вино и врвни алкохолни пијалаци под брендот Танико, со удел од 30 проценти во овој сегмент.

Танико поседува и мнозински удел во Ventealapropriete.com, голема платформа за е-трговија во Франција, специјализирана за продажба на врвни вина и алкохолни пијалаци.

Новата компанија ќе ја води Марко Мањокавало, сегашен извршен директор на Танико, кој ќе го задржи статусот на клучен малцински акционер.

Би можело да ве интересира

Приведен е скопјанецот во чиј двор беа пронајдени четворица малолетници во бесознание

A1on

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

Група деца се затруле со чист алкохол во Белградски клуб: Последиците може да бидат страшни

А1он

64-годишен возел велосипед со 4,61 промили алкохол во крвта

Петнаесетгодишно девојче од Русија на забавата испила силен алкохол, следниот ден починала

Хрватска има околу 250.000 зависници од алкохол