Наградата „Актер на Европа 2021“ за Маргарита Џепа од Албанија

Од:

Главната награда „Актер на Европа 2021“ за најдобро актерско остварување годинава и припадна на Маргарита Џепа, една од најзначајните актерки во поширокиот балкански театарски простор, за улогата на Дорунтина во претставата „Кој ја донесе Дорунтина“ во режија на Лаерти Васили.

Оваа претстава во продукција на театарот „Алекандар Мојсиу“ од Тирана ја доби и наградата за најдобра претстава во целина. Претставата е во продукција на театарот „Алекандар Мојсиу“ од Тирана и е работена според романот на Исмаил Кадаре.

Одлуките за наградите ги донесе интернационално жири во состав: проф. Мето Јовановски (претседател), проф. д-р Мимоза Раил и проф. м-р Јани Бојаџи, членови, на 19. Интернационален театрски фестивал „Актерот на Европа“, што годинава се одржа онлајн.

Гран-при „Жак Лакариер“ – за иновативност и експеримент на монодрамата му припадна на актерот и режисер Ментор Зумберај за претставата „Соновите на Хамлет“ од Нина Мазур, работена според мотивите на трагедијата „Хамлет, принцот од Данска“ од Вилијам Шекспир, во продукција на Театарска и филмска куќа АКТ и ИТИ-центар во Косово.

Наградата „Наум Манивилов Преспански“ и е доделена на актерката Светлана Сретеновиќ за улогата во преставата „Писмо од непозната Жена“ од Штефан Цвајг, драматизација, адаптација и режија на Милан Маѓарев.

Наградата „Преспански Дионис“, за најдобар креатаивен кореографски сценски приказ, ја доби претставата „Тобелија“ на Танцовиот театар Љубљана, работена според истоимената драма на Љубомир Ѓурковиќ, во режија на Ник Апер и кореографија на Росана Хрибар. Музиката за претставата е на Влатко Стефановски и групата „Љубојна“.

Награда за епизодна улога е доделена на Марија Минчева-Андонов за улогата во претставата „Ова дете“, работена по мотиви од текст на Жоел Помера, во режија на Александар Ивановски и во продукција на НУЦК „Ацо Шопов“ – Театар Штип.

Награда „Млада Европа“ ја доби преставата „Неповикан“ работена по текст на Момчило Настасијевиќ, во режија на Југ Радивојевиќ, кој е и сценограф и го направи изборот на музиката. Претставата е во продукција на НАС Театар.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Отворен конкурсот за наградата за најдобар превод „Драги“ 2024

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Доделена државната награда „22 Ноември“

A1on

Познати добитниците на наградата „13 Ноември“