Наградата „Книжевен жезол“ за поетите Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ

Од:

Поетесата Весна Ацевска и поетот Новица Ѓуриќ од Црна Гора се годинешни добитници на наградата „Книжевен жезол“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуката за лауреатите за 2023 година ја донесе Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на вчера одржана седница.

-Преку доделувањето на меѓународната награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици, наведуваат од ДПМ.

Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува ДПМ секоја година на еден домашен и на еден странски поет се врачува во јуни на манифестацијата „Празник на липите“ во Скопје. Исто така, оваа награда се крунисува со чествувањето на поетското творештво на лауреатите и се изразува преку објавување заедничка збирка поезија во рамките на традиционалната едиција на добитници на оваа награда.

Би можело да ве интересира

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

На натпреварот доби вила вредна 3,5 милиони евра: Од неа се исели по 3 дена за да не го загуби животот

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска