Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Од:

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од УХМР и додаваат дека околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

– Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски