Невреме проследено со пороен дожд и силен ветер во кичевско

Од:

Кичево и околината во доцните попладневни часови ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд , ветер и силни електрични празнења.

За час по улиците се создадоа вистински реки а сообраќајот се одвиваше отежнато поради повисокиот воден талог на улиците, поготово во делови каде што се затнати сливниците или воопшто нема атмосверска канализација.

Сопствениците на градинарски култури се задоволни што по подолг период ќе нема потреба да ги наводнуваат овие површини.

Се очекува денешниот дожд да ја рационализира и прекумерната потрошувачка на вода во градот и околината.

-Овој дожд ќе помогне да се намали и потрошувачката на вода за непродуктивни цели и полевање на зеленилото и бавчите по дворовите, што ќе придонесе притисокот на водата во водоводната мрежа да биде на потребното ниво и за жителите од повисоките населби и повисоките згради, што поради сушата во изминатиот месец и екстремно високите температури, имаше енормна потрошувачка на вода од 300 литри во секунда, потсетуваат од комуналното претпријатие.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници