Заев нема да побара одговорност од Џафери, очекува да објасни што се случило

Од:

Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик. Нема да побарам одговорност затоа што очекувам токму од претседателот на Собранието да го објасни тоа што таму се случило, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница.

Претседателот на Собранието, посочи Заев, е еден од главните чувари на Уставот на Република Северна Македонија и очекувам сите ние да бидеме пример на почитувањето на Уставот.

– Талат Џафери спротивно на Уставот се обрати во Парламентот на ЕУ и точно е да се каже дека имаше три сесии, на двете сесии зборуваше на македонски јазик, на третата зборуваше на албански јазик, испровоциран точно од некои поединци од соседна Бугарија коишто секако укажале дека ќе направат воедначување на нашите јазици кое што секако никако не е точно. Ние имаме слични, но различни и меѓународно признаени јазици, појасни Заев.

Прашан, дали ќе лобира кај коалициониот партнер ДУИ за прифаќање на резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Заев рече дека ДУИ ја прифатиле резолуцијата.

-За тоа разговаравме, со тоа што секако треба да се смени уставното име и би требало да се утврдат одредени, како да ги кажам, формалности во самата резолуција за да може да биде заемно прифатена од сите. И уште еднаш да му покажеме на Мицкоски дека и тој којшто го има проблемот со македонскиот јазик и македонскиот идентитет, еве и преку заедничка резолуција, ние тоа ќе го потврдиме затоа што е неспорно за сите дома, рече Заев.

Во однос на посетата на поранешниот американски генерал Весли Кларк, Заев, рече дека Кларк е пријател на целиот Западен Балкан, еден од потписниците на Дејтонскиот мировен договор и човек којшто помогна дури и Северна Македонија кога имаше внатрешни конфликти 2001.

-Главни лобисти за ЕУ се Зоран Заев, Никола Димитров, Бујар Османи, Зоран Попов, државниот секретар и други. Ние немаме лобисти коишто се ангажирани за ЕУ и верувам дека и тоа како сме го заслужиле тоа што денеска е слика за Северна Македонија, а тоа е максимална досега невидена поддршка од страна на сите земји членки на ЕУ, вкупно 26 во прилог наш, разговарајќи со Бугарија за конечно да се ослободи оваа банална причина која што стои помеѓу нас и нашиот почеток на преговорите, односно отворањето на кластерите, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Собранието треба да ги констатира оставките на Ковачевски и Џафери и да избере нов спикер

Горан Наумовски

Левица: Апасиев со нова кривична пријава му ја честиташе Новата година на спикерот Џафери

A1on

Џафери: Касами не може да држи прес-конференции во Собранието

A1on