„Небитен си како возачка во Тетово“ – 800 шофери годинава фатени како возат без дозвола во градот

Од:

Во првите шест месеци од оваа 2021 година на поширокото тетовско подрачје, полициските службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај откриле и соодветно санкционирале вкупно 801 лице кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.

На сите им се изготвени поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби од 250 евра во денарска противвредност. Толкава глоба ги очекува и сопствениците на возилата кои им ги дале да ги управуваат, а знаеле дека немаат возачки дозволи.

– Со оглед на тоа што на ова подрачје веќе се чувствува зголемена раздвиженост по патиштата и тетовските улици Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без претходно положен возачки испит, зашто на тој начин ги доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На родителите и нивните најблиски им се укажува дека давањето возила на малолетници најдиректно ги изложува на опасност да предизвикаат сообраќајни незгоди, неретко и со ненадоместливи последици. Продолжуваме со засилени контроли и доследно и без исклучоци ќе ги санкционира ваквите и други прекршоци, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 225 точка 9, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Само вчера во Тетово биле санкционирани седум возачи без дозволи, меѓу кои и три лица од Скопје и сите управувале патнички моторни возила.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски