Жена од Карпош наседнала на измама од бајач, ја убедил дека ќе ѝ го закопа златото во дворот

Од:

Бајач, и тоа лажен, успеал да прелаже жена од скопската населба Карпош, која ја убедил да му даде златен накит, којшто требало да го закопа во нејзиниот двор. Се разбира, измамникот накитот си го задржал, а жената открила дека е измамена кога ја откопала дупката и во неа не нашла ништо.

„На 07.07.2021 во 15.00 часот во Полициска станица Карпош, 68-годишна жена од Скопје пријавила дека во текот на јуни 2021 во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош дошол М.Ш. кој ја довел во заблуда, претставувајќи се како бајач, при што пријавителката на 30.06.2021 на М.Ш. му дала златен накит кој наводно го закопал во нејзиниот двор“, велат од полицијата.

„Според пријавеното, откако пријавителката се посомневала, на наведеното место не нашла ништо и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени

Лажно ветувал странски пасош, уапсен e откако зел 9.000 евра од кумановка

Банда подигнувала брзи кредити со помош на вработен во ФЗО