Руски ловци избркале американски авион над Црното Море, тврди Москва

Од:

Официјална Москва тврди дека руски ловци идентификувале воздушна цел како американски авион Боинг П-8 Посејдон и го пресретнале над Црното Море.

Руски ловци Су-30 синоќа пресретнале патролен авион на американската воена морнарица Боинг П-8 Посејдон над Црното Море, потврди денеска рускиот Центар за контрола на националната одбрана.

– Радарските станици открија воздушна цел што се приближува до руската државна граница, а ловците Су-30 на поморската авијација и воздушно-одбранбените сили за брзи реакции на Црноморската флота брзо ја идентификуваа целта, соопшти центарот.

Според армијата, екипажите на руските ловци ја идентификувале воздушната цел како Боинг П-8 Посејдон и го пресретнале над Црното Море, а на авионот, кој е дел од американските сили, не му било дозволено да ја наруши руската државна граница.

Би можело да ве интересира

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Во близина на Велика Британија забележани руски бомбардери, НАТО одма реагираше

Велика Британија купи нови авиони, ама сега нема пилоти за нив

Бугарските пратеници одобрија купување осум воени авиони Ф-16 за 1,2 милијарди долари

А1он

Лавров: Тензиите меѓу Русија и САД се далеку од слични на оние од кубанската ракетна криза