Здравствените власти во Туркменистан соопштија дека вакцинацијата против Ковид-19 е задолжителна за сите жители на возраст над 18 години, откако регионот на Централна Азија објави зголемување на бројот на нови инфекции.
Туркменистан не пријавил случаи на инфекција со коронавирусот, но воведе голем број ограничувања, како што е задолжително носење заштитни маски за лице.
Соседен Казахстан воведе задолжителна вакцинација за широк спектар на вработени во јавниот и приватниот сектор.
Министерството за здравство на Туркменистан објави во државните медиуми дека исклучоци ќе постојат само за оние кои имаат медицински контраиндикации.