Германија се сомнева дека Ал Каеда стои зад самоубиствениот бомбашки напад во Мали

Од:

Германија ги испитува тврдењата на исламистичката терористичка група ЈНИМ дека стои зад минатомесечениот самоубиствен бомбашки напад врз воениот конвој на ОН, предводен од германски трупи во Мали, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин, јави ДПА.

Нападот беше извршен на 25 јуни и доведе до повредување на 12 германски и еден белгиски војник. Војниците се движеа во конвој под покровителство на мисијата на ОН МИНУСМА во оваа западноафриканска земја.

Германскиот магазин „Шпигел“ претходно објави дека групата ЈНИМ, која е поврзана со Ал Каеда, на Интернет ја презема одговорноста за нападот. Притоа, исто така, беше објавена и фотографија на лицето за кое се тврди дека е одговорно за нападот, додаде „Шпигел“.

Првиот човек на германската федерална разузнавачка служба (БНД),Бруно Кал, изјави дека најверојатно за нападот е одговорна филијала на Ал Каеда.

„Шпигел“ објави дека групата досега извела голем број напади врз меѓународните трупи стационирани во Мали.

ЈНИМ тврди дека нејзините борци ги зголемиле своите напади врз, како што ги нарекуваат, окупаторските сили, откако францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец соопшти за суштински промени во военото присуство на Франција во Сахел.

ЈНИМ, чие арапско име значи Група за поддршка на исламот и муслиманите, со години назназад е активна во северен Мали.

Би можело да ве интересира

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Три мали авиони се урнаа во Германија, загинаа три лица

Горан Наумовски

Несреќа на градилиште во Германија, еден загина, неколкумина повредени

(ВИДЕО) Полицијата застрела маж во близина на израелскиот Генерален конзулат во Минхен

Горан Наумовски