Македонскиот ракометен шампион Вардар денес ги дозна противниците во групната фаза од Лигата на шампионите. Ждрепката сакаше Вардар да игра во А-групата заедно со: Пик Сегед, Кил, Алборг, Мешков Брест, Монпеље, Загреб и Елверум.
Во Б-групата се најдоа: ПСЖ, Барселона, Порто на Никола Митрески, Киелце, Флензбург, Веспрем на Дејан Манасков, Динамо Букурешт и Мотор Запорожје.
Сепак, за Вардар да добие дозвола да игра оваа сезона во ЛШ, треба да ги плати долговите од минатите сезони, и да приложи кон ЕХФ депозит од милион евра во две рати. Рокот за првата рата е 13 јули, за втората 27 јули.
Доколку Вардар не најде средства, ќе биде исклучен од ЛШ, нешто на кое се надева првата замена за „црвено-црните“, словенечки Горење Велење.