Сончево и посвежо

Од:

Времето ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има појава на слаб краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер утре и во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени. Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски