Нуредини: Нашето членство во ППЦА ќе ја забраза транзицијата кон почисти извори на енергија

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на тркалезната маса за Европа на тема „Ревитализација на енергетските заедници и можности за економски раст“, што се организираше во рамките на Лондонската недела за климатски акции.

Тркалезната маса, како што посочуваат од МЖСПП, има за цел да ги обедини лидерите од европските национални и субнационални влади и меѓународни организации за да разговараат за можностите за поставување рана фаза на исфрлање на јаглен, за праведна транзиција на работната сила и нова патека за чист развој за регионите на јаглен.

Министрите од Велика Британија и Канада им посакаа добредојде на новите членови и партнери на ППЦА (Powering Past Coal Alliance), меѓу кои е и Северна Македонија, како прва држава од Западниот Балкан која пристапи кон Алијансата. Со тоа, велат од Министерството, нашата држава ги потврди подготвеноста и заложбите за соработка со меѓународната заедница во остварувањето на правична и брза зелена транзиција.

– Тркалезната маса беше добра можност да се зајакне моментумот и да се поттикнат државите и организациите што ќе работат заедно со Алијансата во пресрет на Самитот на ООН за климата КОП-26, што ќе одржи во ноември во Глазгов, да се посветат на потребната акција за да се стави крај на производството на јаглен, посочуваат од МЖСПП.

Во рамките на настанот, свое обраќање имаше и министерот Нуредини кој информираше за активностите на национално ниво кон постигнување на ниско-јаглероден раст и праведна транзиција.

– Северна Македонија е многу амбициозна со поднесување, во текот на оваа година, на подобрениот Национален придонес кон Договорот од Париз обврзувајќи се на намалување на емисиите на стакленички гасови за 51 посто во 2030 година во споредба со нивото од 1990 година, што е еднакво на 82 отсто намалување на нето емисиите. Како држава чие производство на електрична енергија во голема мера се потпира на јаглен, со оддалечување од него, нашиот клучен предизвик е правичната транзиција. Со влегувањето во оваа Алијанса, веруваме дека можеме да соработуваме и да си помагаме едни на други во постигнувањето полесна и побрза транзиција кон почисти извори на енергија, што е ургентно за да можеме да ги постигнеме глобалните климатски цели, истакна Нуредини.

Последните податоци, додаваат од Министерството, покажуваат дека ППЦА вклучува 132 членови, од кои 18 европски и пет неевропски влади. Половина од фабриките за јаглен во Европа се затворени или е планирано да се затворат пред 2030 година, во услови на зголемени цени на јагленот и проширување на обновливи извори.

– Анализата покажува дека до 2025 година, сите постројки за јаглен во ЕУ ќе бидат неконкурентни во споредба со обновливите извори. Оваа промена дополнително ќе се забрза благодарение на новата цел на ЕУ за климата во 2030 година и пакетот „Fit for 55“, зголемувајќи ја растечката улога на блокот во забрзувањето на исфрлувањето на јаглен на глобално ниво пред КОП-26, наведуваат од МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари