Си Џинпинг: Ерата на национално понижување на Кина остана во минатото

Од:

Кинеските власти мора да ја направат Народноослободителната армија на Кина (НОАК) една од најсилните вооружени сили на светот за заштита на националните интереси на Кина, рече Си Џинпинг, генерален секретар на Централниот комитет на ККП и претседател на Народна Република Кина во говорот по повод 100-годишнината од постоењето на Кинеската комунистичка партија (ККП), пренесе Тасс.

-НОАК мора да се претвори во вооружена сила од светска класа со уште поголеми можности за да може со сигурност да ги брани суверенитетот, безбедноста и интересите за развојот на земјата, рече шефот на кинеската држава.

„Учејќи од минатото и бранејќи ја нашата иднина, потребно е да се забрза модернизацијата на националната одбрана и вооружените сили. Силната држава мора да има силна армија, само моќната вооружена сила може да ја гарантира националната безбедност“, додаде тој во говорот.

На крајот на 2015 година, кинеските власти почнаа голема реформа на вооружените сили, која многу локални и странски експерти ја нарекоа „најрадикалната“ во историјата на НОАК. Покрај намалувањето на бројот на вооружени сили за 300.000 на два милиона војници, има големи промени и во организациската структура на НОАК и системот за команда и контрола.

Според претседателот Џинпинг, Кина ќе учи од позитивното искуство на другите земји, но нема да прифати „арогантни учења“, упатени кон нас.

-Ние сакаме да учиме од достигнувањата на другите култури и да поздравуваме корисни предлози и добронамерни критики. Меѓутоа, ние ги отфрламе арогантните учења на оние кои се преправаат дека се ментори, рече тој.

„Кинеската комунистичка партија и кинескиот народ самоуверено ќе го следат патот што го избраа за себе и цврсто ќе ја земат својата судбина во свои раце за развојот на Кина и нејзиниот напредок“, додаде шефот на државата.

Си Џинпинг јасно кажа дека ерата на националното понижување и наметнување туѓа волја за Кина е минато.

-По триумфот на Новата демократска револуција, заврши ерата на полуколонијалното и полуфеудалното општество во стара Кина, на ерата на слободно течешки песок. Тоа стави крај на времето кога светските сили наметнаува нееднакви договори за Кина и империјалистите тука имаа ексклузивни права, рече тој.

„Ова служеше како дефинитивен услов за големото национално заживување на кинеската нација. Херојската и упорна борба на Кинеската комунистичка партија и кинескиот народ свечено му соопштија на целиот свет: кинеската нација застана на нозе и времето кога кинескиот народ остави другите да ја контролаат нејзината судбина е исчезнато засекогаш “, кажа шефот на државата.

ККП е основана за време на подемот на револуционерното движење, заснована врз идеите на марксизмот-ленинизмот; првиот конгрес нелегално се одржа од 23 јули до 5 август 1921 година. Почна во Шангај и заврши кај езерото Нанху во областа Џиасинг, каде учесниците беа принудени да се преселат откако властите дознаа за настанот. На оваа клучна средба присуствуваа 13 лица, вклучувајќи го и идниот кинески лидер Мао Це Тунг (1893-1976) и двајца странски претставници на Коминтерната. Делегатите потоа го одредуваат официјалното име на партијата и ја усвојуваат нејзината прва програма.

Би можело да ве интересира

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија