А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Протест во Кисела Вода, жителите се против бетонизација на Расадник

by А1он30/06/2021 - 19:13657
Share0

Со протест под мотото „Стоп за бетонизацијата на Расадник и Кисела Вода“ жителите на скопската населба Расадник побараа да престане бетонизацијата на населбата и да се почитуваат уставните норми и закони за здрава животна средина.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Бараме нов ДУП кој ќе биде донесен на меѓународен конкурс, а граѓаните да избираат меѓу трите најдобри решенија на референдум. Бараме ДУП кој ќе овозможи цивилизиран и културен развој и живот за идните генерации. Бараме парк, зеленило, спортски и забавни содржини, велосипедски патеки, градинки и училишта и се друго што ќе придонесе за унапредување на животот во кисела Вода“, велат од Иницијативата „За Расадник на можности за хуман живот во Кисела Вода“.

На местото каде што жителите го организираа протестот се појавија и сопствениците на земјиштето на парцелите кај Расадник кои рекоа дека претходно се било усогласено и затоа нема никакви пречки да бидат изградени околу стотина згради.

Сегашниот ДУП предвидува изградба на околу 100 нови згради на местото на поранешниот расадник во Кисела Вода со што, според жителите на населбата, дополнително ќе се загрозат и онака лошите и нехумани услови за живеење во овој дел од општината. Жителите велат дека овој план треба комплетно да се поништи, бараат донесување на план што ќе предвиди минимум 40 отсто зеленило, но и изградба на паркови, детски грaдинки, училишта како и поправка на улиците.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ние не сме против урбанизација, меѓутоа сме против ваков урбан терор којшто наметнува одредени решенија, порачаа тие и информираа дека ДУП-от ја надминува предвидената станбена површина на ГУП-от за над 300.000 квадратни метри, а улиците се пренатрупани со возила, нема паркинг места и детски игралишта.

kisela vodarasadnikskopjeurbana mafija

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он31/07/2026 - 16:55

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 21:38

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 19:15

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 15:55

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

Предраг Петровиќ26/07/2026 - 14:13

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Катерина Ѓуровски22/07/2026 - 07:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео