Ексклузивно од НИКОБ ЛАБ – од четврток 24.06.2021г. најниски цени за ПСР тест во нашите пунктови на Табановце, Богородица, Дојран, Кисела Вода и на аеродромите ТАВ Скопје И ТАВ Охрид

Од:

Почитувани, Ве информираме дека НИКОБ ЛАБ е најбрзорастечката сертифицирана лабораторија во нашата држава која ја поседува највисоката технологија за детектирање на сите познати соеви на COVID-19 во светот како и на делта сојот или т.н индиска мутација.

Водени од идејата дека на граѓаните им е потребна поддршка повеќе од било кога, НИКОБ ЛАБ ја промовира единствената и најраспостранетата дијагностичка мрежа во Македонија за тестирање за присуство на COVID-19 преку методата PCR и брзи антигенски тестови, а сега достапни на неколку стратешки локации и истовремено со најниски цени во нашата држава.

Со задоволство Ве информираме дека од четврток 24.06.2021 започнуваат со работа нашите пунктови на Табановце, Богородица, Дојран, Кисела Вода и на аеродромите ТАВ Скопје и ТАВ Охрид. НИКОБ ЛАБ како општествено одговорна Компанија вложува огромни средства и напори да им излезат во пресрет на сите граѓани на кои во текот на годишните одмори ќе им бидат потребни PCR и брзи антигенски тестови за патување во странство.

Во прилог е табелата на локациите на пунктовите и соодветните цени:

Табела за цените на пунктовите на ТАВ аеродромите и работното време:

* Цените се фиксни и на истите нема дополнителен попуст
(вклучително за туристички агенции, синдикати и вработени во фирмите со коишто НИКОБ има соработка).
** Заради сигурност на патниците, поголемата флексибилност на времето на важноста на PCR тестот, како и намалување на времето на чекање при тестирањето, препорачуваме PCR тестирање.
*** Задолжително е закажување за тестирање преку web порталот на НИКОБ ЛАБ https://booking.nikoblab.his.mk/ или на телефонскиот број 02/274-1000.

Предности:
– Тестирањето може да се изврши пред патувањето (на самиот ден на патувањето) на еден од нашите пунктови во Табановце, Богородица или Дојран.
– На аеродромите во Скопје и Охрид;
– На централниот пункт на НИКОБ ЛАБ на бул. Борис Трајковски бр.62 во Скопје.
– Резултатите ги добивате на Вашиот e-mail на англиски јазик со QR код и истите важат на граница во електронска форма и нема потреба да се печатат, но доколку инсистирате можете да ги подигнете и во печатена верзија на било кој од пунктовите.

Квалитетот, најсовремената метода, достапната цена и задоволните граѓани секогаш ќе бидат императив за НИКОБ ЛАБ.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Никоб Лаб со гратис промоција: Со направена биохемиска анализа добивате бесплатна проверка на IgG антитела за Ковид 19

Тимовите на ПЗУ Никоб Медикал со превентивни мерки за граѓаните за заштита од високите температури

Предраг Петровиќ

НИКОБ ЛАБ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Ана Ололовска

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените општествено одговорни групации во државата

Ана Ололовска

НИКОБ ЛАБ: Прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба

А1он

Никоб Лаб од денеска со прилагодено работно време

Катерина Ѓуровски