Тимовите на ПЗУ Никоб Медикал со превентивни мерки за граѓаните за заштита од високите температури

Од:

По најавените високи температури деновиве, кои во одредени делови во државава ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, ПЗУ Никоб Медикал започна со делење на вода и информативни флаери со препораки за граѓаните, со цел полесно справување со најавени топлински бранови.

Мобилниот медицински тим на ПЗУ Никоб Медикал, изминатиов викенд на локација во ТЦ Лиса – Тинех во општина Аеродром поделија освежителни пијалоци и ги советуваа граѓаните како најдобро да се заштитат од високите температури, со посебен акцент во заштита на ризичните категории на граѓани, старите лица, лицата со хронични заболувања, бремените жени и малите деца. Препораките се да се избегнува излегување на отворено од 11:00 до 18:00 часот, да се носи лесна и светла облека, капа и заштитни очила за сонце, конзумирање на лесна храна и зеленчук и овошје, внес на течности, избегнување на алкохол и мрсна храна, конзумирање на термичко обработена храна редовно земање на соодветната терапија пропишана од доктор.

Доколку имате здравствени проблеми во овој период на располагање се медицинските тимови на Никоб Медикал 24/7 со апликација на терапија во домашни услови и медицинска консултација на телефонскиот број 15 515

Како општествено одговорна здравствена установа, ќе продолжиме со теренските препораки и делењето на освежителни напитоци во следниот период во делот на заштита на здравјето на граѓаните во град Скопје, а следната активност ќе биде на локацијата на паркингот пред ТЦ Зебра – Тинех на 27.07.2022 Среда од 17:30 до 18:30 часот.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Никоб Лаб со гратис промоција: Со направена биохемиска анализа добивате бесплатна проверка на IgG антитела за Ковид 19

НИКОБ ЛАБ со уште подостапни цени и услуги од мрежата на ФЗОРСМ

Ана Ололовска

НИКОБ се етаблираше како една од најпосветените општествено одговорни групации во државата

Ана Ололовска

НИКОБ ЛАБ: Прекинувањето на работниот однос е извршено на доброволна основа по принцип на спогодба

А1он

Никоб Лаб од денеска со прилагодено работно време

Катерина Ѓуровски

Од НИКОБ Лаб – Промотивни цени за алерготестови во текот на целиот месец мај по повод светскиот ден на астмата

Ана Ололовска