Стандард енд Пурс“: Кипар е во „делумен банкрот“

Од:

Американската кредитна агенција „Стандард енд Пурс“ соопшти дека кредитниот рејтинг на Кипар е полош од претходно и го оцени како „делумен банкрот“.

Агенцијата нагласи дека кредитниот рејтинг на Кипар веќе бил на многу лошо ниво, па од оценката „ССС“ е намален на нивото „SD“ кое означува „делумен банкрот“.

Оваа оценка значи дека земјата не е во состојба да го отплаќа својот долг, но дека се уште може да исполнува одредени обврски.

Од друга страна, „Стандард енд Пурс“ објаснува дека целосен банкрот значи дека одредена држава не исполнила ниту една своја економска и финансиска обврска.

Американската кредитна агенција истакнува дека кипарската економија е во фаза на забавување, стапката на невработеност се зголемува, а депозитите во банките значително се намалуваат.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска