Димитров: Блокадата на С. Македонија е проблем и на ЕУ

Од:

Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на С Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје.

-Ветувањето што Европа го даде на Балканот се случи во Солун во 2003 г, беше потврдено во Софија на самитот на ЕУ за Западен Балкан и годинава во Љубљана. Како вицепремиер станува се потешко да им зборувам на луѓето, на граѓаните дека ова е можно. Овој регион е опкружен со земји кои економски, политички, историски и кулурно припаѓаат на Европа и навистина е важно да видиме конкретни одлуки и движења во поддршка на остварување на ветувањето дадено во Солун. Немаме алтернатиовно решение освен да станеме функционална европска демократија која што е проследена со економски просперитет. Ќе продолжиме со реформите бидејќи ги правиме за нас, но процесот на пристапување ќе ни помогне да го направиме тоа подобро. Без разлика дали ќе почнеме со пристапните прегооври нашиот пат е јасен – ќе работиме кон градење на европска демократија, рече Димитров коментирајќи го неуспехот на ЕУ вчера повторно да испорача почеток на преговори за С Македонија и Албанија и колку е можно годинава земјата да почне преговори.

Тој посочи дека оваа блокада на евроинетргцијата на земјата е проблем и за самата ЕУ.

–Но, исто така е важно и сфаќам дека толку многу министри јавно сега кажуваат дека е ова прашање, проблем за самата ЕУ. На некој начин оваа блокада не се однесува само на иднината на Северна Македонија во ЕУ, туку и иднината на ЕУ во Западен Балкан, заедно сме тука. Или нема да успееме секаде вклучително и со соседите во Бугарија или ќе победиме сите. Сторивме се што можевме. Ние сме отворени, ние сме искрени и веруваме дека европското решение заедно со европските вредности е можно. Кога ова се случува треба да бидеме позитивно изненадени. Ние имаме одговорност кон нашиот народ, кон нашите народи да го заштитиме бидејќи кога луѓето поминуваат низ момент на надеж, а потоа се разочаруваат и тоа се повторува од 18 јуни 2018 година на секои шест месеци тоа не е здраво за нацијата, порача Димитров.

Гашпер Довжан, државниот секретар во МНР на Словенија, во онлајн обраќањето најави дека претстојното словенечко претседателство со ЕУ во втората половина на годинава ќе биде фокусирано на регионот и ќе се базира на три столба.

Првиот столб е продолжување на процесот на проширување на ЕУ, старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија и отворање нови поглавја со Србија и со Црна Гора. Довжан истакна дека португалското претседателство направило многу и оти е убеден оти Слоенија ќе успее да придонесе за исполнување на целите, особено за отворање на преговорите со С Македонија и Албанија.

Вториот столб на словенечкото претседателство со ЕУ ќе биде спроведување на економскиот инвестициски план и отворање преспективи за младите, економска сработка во регионот и заеднички регионален пазар.

Третиот столб ќе биде создавање платформа за изнаоѓање решенија за отворените прашања во регионот, бидејќи, посочи Довжан, поголемата соработка ќе значи и поголема стабилност на регионот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска