Лајен предлага на Турција долгорочно да ѝ се помогне околу мигрантите

Од:

Берлин, 22 јуни 2021 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека ќе предложи финансиската помош од Европска Унија за мигрантите во Турција од итна хуманитарна, да се пренасочи како долгорочна поддршка.

ЕУ и Турција во 2016 година потпишаа Договор, според кој Унијата обезбедува финансиска помош за сириските бегалци во Турција, а за возврат, Анкара да го спречи влез на мигранти од нејзината територија во Грција.

И покрај критиките од групите за човекови права, Договорот се смета за модел за слични договори меѓу ЕУ и северноафриканските земји.

Лајен најави дека за Договорот со Турција ќе се разговара на Самитот на лидерите на ЕУ в четврток во Брисел.

– Според мене, важно е да продолжиме да ја поддржуваме Турција, каде што живеат 3,7 милиони сириски бегалци, а некои од нив се таму веќе десет години, посочи Лајен во Берлин по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа додаде дека поддршката на ЕУ треба да оди во насока на социо-економска помош и оти е важно мигрантите да имаат перспектива.

Меркел наведе дека Турција „прави одлична работа“ за поддршка на сириските бегалци. И таа најави дека лидерите на ЕУ ќе разговараат и за гаранциите претходно дадени од Унијата за царинска соработка со Анкара.

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Масовен бојкот во Турција – Владата тврди: Тоа е саботажа

Горан Наумовски