Општина Гази Баба денеска спроведе Јавна расправа за Нацрт извештаите за Стратегиска оценка на животната средина за урбанистичките проекти вон опфат за уредување на земјиште со намена Е3.1 на која беа презентирани експертски согледувања.
Од Општината информираат дека предложиле неколку урбанистички планови, кои имаат за цел воведување на ред во зоната, после 60 години.
– Само со ДУП-ови би знаеле колку точно капацитети има на локацијата, која е нивната дејност, дали делуваат согласно законските акти за животна средина. Овие урбанистички планови, исто така беа и ќе бидат предмет на јавна расправа, стои во соопштението од Општината.
Дополнуваат дека со овие планови општината ја укинува можноста за проширување на постојната тешка индустрија и не дозволува изградба на нова. Предвидено е за 30 отсто да се намалат површините под загадувачка индустрија, а да се зголеми зелениот заштитен појас меѓу зоната и населбата.
– Нашата цел е и решавање на отпадот кој е во таа зона. Токму затоа се изработени три Стратегии за оценка на животната средина на посочените локации, кои денеска беа презентирани пред граѓаните, за да може да почне разгледувањето на можностите за расчистување на отпадот кој се создава при процесот на производство во Железара, велат оттаму.
Информират дека денеска имале конструктивна дебата, каде граѓаните и граѓанските здруженија ги искажале своите размислувања за кои очекуваат да бидат доставени како забелешки на Нацрт извештајот и истите да бидат разгледани и вградени во него.
– Сакаме, уште еднаш, да потврдиме дека ниту топилница или нови загадувачки капацитети во Железара, а и во Гази Баба, нема да има. Во насока на транспарентноста, како Општина, отворени сме, во овој идеен процес, да бидат вклучени сите заинтересирани граѓански организации и граѓани, велат од општината.
При што напоменуваат дека секое мислење и решение е добредојдено со цел намалување и трајно спречување на загадувањето кое доаѓа од оваа зона.
Op[