Заев: Да ја направиме 2021-ва година на силен исчекор напред, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од ЕУ

Од:

Северна Македонија со Грција покажа дека е возможно од процес на недоразбирање двете земји да излезат како посилни пријатели. Тоа е возможно и со Бугарија и затоа бараме и создаваме истомисленици за оваа наша цел и за ова наше уверување, рече премиерот Зоран Заев на пленарната сесија што се одржа денеска во рамки на Самитот за Западен Балкан во Виена.

Заев пред учесниците на сесијата оцени дека сега постои солидна политичка поддршка за политиката на проширување и јасна перспектива на ЕУ за Западен Балкан која нему лично, како што истакна, му ја потврдиле повеќемина европски лидери, како и сите највисоки претставници на ЕУнија за време на неодамнешната посета на Брисел.

Тој изрази задоволство од препознавањето на важноста Западен Балкан да биде дел од иднината на Европа.

-Затоа, да ја направиме заеднички 2021-ва година за паметење, во која ќе биде направен силен исчекор напред бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме, порача Заев.

Според него, со новата Европска комисија, која ја продолжува искрената определба за проширување на претходната, и со лидерите на земјите членки на ЕУ кои ја прифатија новата методологија за проширување, оваа стратешка цел на ЕУ доби повторна виталност која не смее да се загрози со натамошни одлагања на сериозни и конкретни чекори кои се однесуваат на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан.

Во своето обраќање, на пленарната сесија, изразувајќи благодарност за поканата на канцеларот Курц и за организацијата на Самитот за Западен Балкан ставена во перспектива на конференцијата на ЕУ – „Иднината на Европа“, премиерот Заев истакна дека дебатата се случува во клучен период од повеќе причини кои постојат и во Европската Унија и во регионот Западен Балкан.

Премиерот Заев денеска присуствува на Самитот за Западен Балкан во Виена, на покана на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Во рамки на Самитот тој учествуваше на пленарен состанок заедно со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и премиерите на Црна Гора и Косово, Здравко Кривокапиќ и Албин Курти, како и Зоран Тегелтија, претседавач со Советот на министри на Босна и Херцеговина, албанската министерка за инфраструктура и енергија, Белинда Балуку и посебниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан Мирослав Лајчак.

Заев се заблагодари на канцеларот Курц за лидерството со кое се бори за интеграцијата на Западен Балкан и за менаџирањето на доставата на вакцините во регионот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска