Бајден потпиша закон со кој 19 јуни се прогласува за национален празник по повод крај на ропството во САД

Од:

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша закон со кој го прогласи „Џунтинт“(Juneteenth) или 19 јуни за 11-ти федерален празник со кој се означува крајот на ропството.

Претходно во средата, предлогот беше усвоен од Претставничкиот дом на американскиот конгрес со 415 гласа „за“ и 14 „против“.

„Џунтинт, исто така, означува долга, тешка ропска ноќ и најава за посветло утро“, рече Бајден во Белата куќа пред потпишувањето на законот, додавајќи дека тој ден е потсетник за „страшните последици од ропството во земјата“.

„Џунтинт“ го одбележува денот кога за последните робови во Америка, во 1865 година во Галвестон, Тексас, се вели дека се ослободени, две години по потпишувањето на Прокламацијата за еманципација за време на граѓанската војна, со што завршија 246 години ропство во САД. Голем број американски држави веќе го признале 19 јуни како празник, и тој ден е платен празник за вработените во државните управи во Тексас, Њујорк, Вирџинија и Вашингтон.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски