Анкета на Галуп за изборите во Бугарија: Резултатот изгледа се повеќе непредвидлив

Од:

На почетокот на кампањата за изборите во Бугарија, резултатот изгледа се повеќе непредвидлив, се вели во анкетата на Галуп направена за Бугарското национално радио.

Анкетата беше спроведена од Галуп Интернешнл Балкан во перидот 3-11 јуни.

Според нив, ако изборите се одржуваа денеска, 58,2 проценти од сите испитаници изјавиле дека сигурно ќе гласаат на изборите на 11 јули; 16,4 проценти – дека најверојатно ќе гласаат; 7,3 проценти – веројатно нема да гласаат; 14,7 проценти велат дека сигурно нема да гласаат.

Доколку изборите се одржаа денеска според анкетата на Галуп, партијата „Има таков народ“ ќе сметаше на поддршка од 21,2 проценти, ГЕРБ-СДС – 21 процент, БСП – 15,9 проценти, „Демократски Бугарија” би добила 12,1 процент, ДПС – 11,9 проценти и „Исправи се! Мафијата надвор! ” – 5,8 проценти и „Бугарски патриоти“ – 3,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит