Акција на ЕУ за откривање фалсификувани кредитни картички

Од:

Службите за спроведување на законите во ЕУ, со поддршка на Европскиот центар за кибер-криминал во рамки на Европол, вчера спроведоа акција за спречување криминал, поврзан за користење фалсификувани кредитни картици при купување авионски карти.

Акцијата е спроведена на 38 аеродроми во 16 членки на ЕУ, каде службените лица ги проверувале патниците кои планирале да отпатуваат.

На оние кај кои е утврдено дека имале авионски карти, купени со користење на податоци од украдени кредитни картици, им било забрането да влезат во авионите и биле предадени на полицијата поради сослушување.

За време на операцијата откриени се повеќе од 200 сомнителни трансакции, а приведени се 43 лица, соопшти Европол.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија