Италија е првиот сигурен осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа вечерва над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се на чело на групата А по воведните две кола.
Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26 и 52 минута), а победата ја завери Чиро Имобиле на минута пред крајот на мечот.
За Италија ова беше 29-ти натпревар без пораз и десетта победа во низа.
Во последното трето коло во групата А, Италија на 20 јуни во Рим му е домаќин на Велс, додека истиот ден Швајцарија и Турција ќе играат во Баку.
Табела во А-групата: Италија 6 бода, Велс 4, Швајцарија 1, Турција 0.