Бесими: За евроинтеграциите се одговорни сите политички субјекти

Од:

За евроинтеграцискиот процес на Македонија се еднакво одговорни сите политички субјекти, рече денеска вицепремиерот Фатмир Бесими, одговорајќи на пратеничко прашање.

Тој повика на максимална, сеопфатна посветеност, почнувајќи од владините и парламентарните инстуитуции, до партиите.

– Да бидеме сите сплотени во решавањето на отворените прашања за да постигнеме прогрес на патот кон ЕУ, да имаме унифицирани ставови, пред се мислам на прашањето за името. Во оваа насока се направени многу ангажмани, останува да се фокусираме и да ја оствариме оваа цел, истакна Бесими.

Коректно е, додаде, отворено да се зборува за предизвиците – добрососедските односи, политичкиот дијалог во земјата и името.

Заменик претседателот на Владата потенцира дека на напредокот на македонските евроинтеграции се работи постојано зашто процесот, рече, е од интерес на целата држава.

Пратеникот Беким Фазлиу од ДПА на чие прашање одговараше Бесими, претходно обвини дека токму вицепремиерот е одговорен за неуспехот и повторното недобивање датум за преговори поради што, нагласи, треба да понесе одговорност. Според него, за напредок во евроинтеграциите, освен решавање на прашањето за името, треба да се исполнат и други критериуми од сферата на судството, администрацијата, медиумите.

Собранието ќе ја продолжи седницата со пратенички прашања по паузата што ја побара ДПА.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Новиот систем за влез и излез од ЕУ ќе биде целосно имплементиран дури од септември 2026 година

Горан Наумовски