Зеленски јавно го прашува Бајден: Кажете јасно – ќе ја примате Украина во НАТО или не?

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека сака јасен одговор „да“ или „не“ од американскиот претседател Џо Бајден за одобрување на украинскиот Акциски план за влез во НАТО.

Во заедничкото интервју за повеќе западни медиуми, Зеленски рече дека добил гаранции оти Бајден нема да ја користи Украина како средство за пазарење на средбата со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела.

– Ако зборуваме за НАТО и МАП, навистина би сакал да добијам (од Бајден) детали – да или не, рече Зеленски, мислејќи на Акцискиот план за членство даден на земјите кандидати, статус што Украина долго време го бара. – Треба да добиеме јасни датуми и веројатноста за оваа опција за Украина, додаде Зеленски.

Тој рече дека Украина направила сè што е потребно за да добие план за членство во НАТО, за што Киев верува дека е клучно средство за одвраќање на Русија, но Москва жестоко се противи на таквите планови.

Тој уште побара економска поддршка од САД и повика Меѓународниот монетарен фонд да ги сфати украинските проблеми пред да постават пред властите „неправедни“ реформски барања.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“

Горан Наумовски