Нови 12.870 дози вакцини од производителот „Фајзер“ пристигнаа денеска во земјава од редовната пратка што ја добиваме секој понеделник, соопшти Министерството за здравство.
8.190 дози од нив се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4.680 се во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од министерствот.
Во земјава утре треба да пристигнат и 20.000 вакцини на „АстраЗенека“, кои ги донира Грција.
– Оваа донација е многу значајна за нас. Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози вакцини се одвива навремено и, согласно ова, имунизацијата има одличен тек, се вели во соопштението од Министерството за здравство.